Снег во Македонија - на овие места вее во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка и во Македонски Брод, соопшти Автомото сојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата. 

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот.

АМСМ потсетува дека е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од попладне ќе има повеќе врнежи, а на планините во западните делови ќе се формира снежна покривка. Снег ќе има и на некои повисоки места, од над 600 метри надморска височина.

 
 
27.12.2016 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега