Деца во скопска градинка заразени со менингитис

Вирусен менингит се јавил кај деца во скопската градинка Пролет во општина Карпош. Според информациите од градинката, кај едно дете е потврдена заразата со вирусен менингит а кај уште едно дете постои сомнеж но во тек се здравствени прегледи. Двете деца се повлечени од наставата. Директорката на градинката Вита Јаковлевски во разговор за Press24 потврдува дека во градинката која се наоѓа во скопско Козле се потврдени вакви случаи но дека објектот не е затворен и во него редовно и денеска се згрижуваат деца. За случајот тие го известиле скопскиот Центар за јавно здравје. „Извршени се сите потребни мерки, направена е дезинфекција на играчките и инвентарот а на децата им се земени примероци за анализа. Известени се и здравствените власти и општината“, вели Јаковлевска. Од градинката велат дека нема причина за затворање на објектот. Менингитисот претставува воспаление на менингите, односно мембраните кои го обвиваат мозокот.Станува збор за исклучително заразно заболување кое може да се пренесе преку нечисти раце, кашлање, кивање или близок контакт. Најголем дел од случаите на менингитис се резултат на вирусна инфекција.

 
 
27.12.2016 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега