Драстични промени - еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, локално со провејување на слаб снег. Ќе дува силен северен ветер со брзина повремено и од околу 100 километар на час, кој особено ќе биде изразен на планините.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од минус три до пет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со силен северен ветер, а можно е да провејува и слаб снег. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до два степена.

И во четврток времето ќе биде променливо облачно, локално ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер. Од петок следува разведрување и постепено стишување на ветерот. За време на викендот времето ќе биде сончево. На новогодишната ноќ ќе биде ведро, но многу студено со температура под минус 10 степени.

 
 
27.12.2016 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега