Времето со нови изненадувања - погледнете што не очекува утре

Поради продор на многу студена воздушна маса од север во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време.

Утре и во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините (повремено со брзина околу 100 км/час).

Дневната температура значително ќе опадне и најниска ќе биде во четврток и во петок кога на повеќе места ќе се задржи негативна. Од петок следува постепено разведрување, па за време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под -10 степени.

 
 
27.12.2016 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега