Доаѓа поларна зима: Ова се температурите утринава

Утрово температурата се движеше од -9 во Лазарополе, -7 Маврово, -6 Претор, -5 Крушево и Прилеп, -4 Битола и Охрид, -3 Дебар, -2 Тополчани, Крива Паланка, Ѓуриште, Берово и Пожаране, -1 Скопје Петровец, Тетово и Демир Капија, 0 Куманово, Штип, Виница и Струмица, 2 Скопје Зајчев Рид, 4 Дојран, до 6 степени во Гевгелија. Тоа значи дека најстудено е во Лазарополе, а најтопло во Гевгелија каде температурите се над нулата.

И утре времето ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со провејување слаб снег и ќе дува силен северен ветер. Дневната температура на повеќе места ќе се задржи негативна. Од петок следува постепено разведрување и значително спуштање на утринските температури. За време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под -10 степени.

 
 
28.12.2016 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега