Берово ја откажа новогодишната прослава - парите за хуманитарни цели

Општина Берово се откажа од традиционалниот пречек на Новата година на градскиот плоштад, а средствата ќе бидат пренасочи во хуманитарни цели.

Како што истакна беровскиот градоначалник Драги Наџински, станува збор за средства во висина од 50 илјади денари наменети за настап на естрадни ѕвезди и огномет.

- Цениме дека секоја година овие средства што ги даваме за прослава на плоштадот во Берово, не се многу големи, но одлучивме да ги дадеме во хумани цели. Во Берово имаме и Дом за деца без родителска грижа и Дом за лица со посебни потреби, така што овие средства за новогдишната ноќ подобро да ги дадеме таму, исто така, во соработка со Центарот за социјални работи ќе обзебдиме список на лица кои живеат во социјален ризик, така што ќе гледаме и на нив да помогнеме, рече Наџински.

Додаде дека искуството од минатите години и организираните прослави на дочекот на Новата година на плоштад со настап на естрадни ѕвезди покажало дека мал број граѓани доаѓаат на плоштадот.

Скромен новогодишен пречек се најавува на градскиот плоштад во Пехчево. Градоначалникот Игор Поповски истакна дека за таа вечер ќе има музика на плоштадот и огномет кој е донација од бизнис-секторот во општината.

И во Делчево нема да има централна прослава на градскиот плоштад, каде ќе се организира забава за најмладите кога ќе бидат доделени новогодишни пактечиња на 1.300 дечиња од градинката и од основното образование. 

 
 
28.12.2016 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега