СИТЕЛ: Еве каква е здравствената состојба на детето од градинката во Козле

Во добра здравствена состојба е детето од градинка во Козле кое со вирусен менингитис е хоспитализирано на Клиниката за Инфективни болести. Од скопскиот центар за јавно здравје во текот на денот ќе ги добијат и анализите од брисевите на останатите деца од градинката. Епидемиолозите смируваат дека нема простор за паника бидејќи оваа форма на болеста не е опасна. Во меѓувреме ги загрижуваат податоците за рапидно зголемување на грипосани последните две недели.  Бројката од над 7000 заразени само во декември, причина вчера попладне да заседава и Комисијата за заразни болести.

- Имаме добро разработен систем и веќе кај 9 случаи е потврден кој е типот на грипот па дури и подтипот. Станува збор за АХ3Н2 кој дава потешка клиничка слика, но засега немаме такви случаи. На Инфективна овој месец поминале 123 со грип од кои 13 биле хоспитализирани, вели проф. др Звонко Миленковиќ, претседател на Комисија за заразни болести

Поради зголемувањето на бројот на заболени од грип, Комисијата за заразни болести со препораки за зајакнување на мерките на претпазливост. Една од нив е дезинфекција во градинките и училиштата. 

- Потребна е редукција на бројот на посети во болниците, секако таму да не одат деца и да бидат зајакнати мерките на хигиена. Исто така да се одбегнуваат масовни собири, вели Маринковиќ

Од Центрите за јавно здравје потврдуваат дека има регистрирано зголемено отсуство во градинки и училишта. Но немаат официјална потврда дали сите случаи се поради грип. 

 
 
28.12.2016 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега