Снег утрово во Македонија - еве каде вее во моментов
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег врне во Маврово, Крива Паланка и на планинскиот премин Ѓавато, информира Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од синоќа во 18:10 часот е во прекин сообраќајот на магистралниот пат А3 „Ресен -Битола-Прилеп“ кај населбата Баир поради блокада од страна на ромското население. Сообраќајот се пренасочува низ Битола.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, ДКапија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа