Македонската полиција на нозе - празниците станаа хорор за неколку семејства
Македонската полиција е на нозе, празничниот период за неколку семејства се претвори во вистински ужас, откако исчезнаа нивните сакани.
Во полиција вчера во 14 часот било пријавено дека исчезнала жена од Кочани. 56-годишниот Б.С. се јавил и пријавил дека околу 11 часот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга 54-годишната В.С.
Во 18.45 часот во полицијата во Гази Баба, Б.У. од Скопје пријавил дека на 25. месецов во 12.00 часот од непознати причини од дома во непознат правец заминала неговата тринаесетгодишна ќерка.
Во текот на вчерашниот ден социјален работник во ЈУ„Ранка Милановиќ“ Скопје, пријавил дека на 25. месецов во 08 часот и 15 минути, седумнаесетгодишно лице од Скопје, штитеничка на јавната установа, самоволно ја напуштило установата оддалечувајќи се во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
29.12.2016 - 13:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа