Почина прегазен пешак на „Видое Смилевски Бато“

 

Во 18 часот и 45 минути во Тетово, на булеварот „Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна незгода во која 21-годишниот Б.А. од Тетово, управувајќи возило „Поло“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешак.

Се работи за 39-годишниот тетовчанец Х.П. кој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде за жал починал, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
29.12.2016 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега