Последен работен ден за 2016: Што ќе се случува со времето?

Времето во Македонија ќе биде стабилно и суво со студено утро, а преку денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до два, а дневната од минус два до шест степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до минус пет и со дневна до три степени.

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде ведро и многу студено со температура од минус 14 до минус шест степени. 

 
 
30.12.2016 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега