ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да му наштети на пазарот на пченица

СДСМ продолжува со својот неконструктивен однос чија единствена цел е да се нарушат обидите за функционирање на пазарот на пченица и преку таквата активност да им наштети и на производителите и на откупувачите на пченица и на граѓаните на земјата.

Ние нема да бидеме вовлечени во оваа непринципиелна и крајно штетна тактика која се обидува да ја наметне СДСМ. Кога СДСМ зборува за расходите на Владата треба приоритетно да ги спомене историските највисоки субвенции кои ние како владеачка партија ги овозможуваме за земјоделците и кои се над 100 пати повисоки или над 600 милиони евра повисоки, од она што СДСМ најави, но никогаш не го даде во целост како субвенција во 2006 година, кога најави но не даде 5 милиони евра субвениции.

 

Ние ќе продолжиме со одговорниот однос и со соработката со пченичарите и мелничарите. Заедно со нив и со подготвени дополнителни можности  да го финансираме овој процес до крај, да придонесеме позитивно за сите субјекти.

(Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ)

најчитано сега