Трагедија во Македонија: Мртва жена пронајдена во стан
Трагедија во Македонија, мртва жена била пронајдена во стан. Полицијата информира дека вчера во 14 часот и 20 минути во селото Здуње, гостиварско, на подот од дневната соба во куќата, пронајдена била 68-годишната Џ.Р. која не давала знаци на живот.
Од страна на лекар констатирана е смрт без видливи траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полицијата.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.
30.12.2016 - 12:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа