ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кисела Вода посети 10 социјално загрозени семејства

Претседателот на Општински комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денес посети 10 социјално загрозени семејства при што беа донирани хигиенски и прехранберни продукти.

Тој истакна дека хуманитарната акција се реализира традиционално секоја година пред новогодишните и божиќните празници, кај најранливите категории на граѓани.

paketi1

-Сите семејства кои што денес беа посетени добија хуманитарни пакети со прехранбени и хигиенски производи, а дополнително кај две семејства дониравме дрва за огрев, истакна Ѓорѓиевски.

paketi2

Претседателот на ОК Кисела Вода додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина со реализација на конкретни активности, со кои се потврдува општествената одговорност и грижата за сите категории на граѓани.

paketi3

 
 
30.12.2016 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега