СИТЕЛ: Брзата помош и дежурните служби 24 часа достапни за празниците

Со 13 медицински тимови, скопската Брза Помош за најлудата ноќ 24 часа ќе им биде достапна на граѓаните. Екипа ќе имаат на скопското кале за време на огнометот а ќе работат и осумте дежурни ординации во поликлиниките. Од службата велат дека се организирани и ќе обезбедат целосна покриеност за сите кои ќе имаат потреба од здравствена услуга.

-Имаме дежурни екипи и каде ќе не побараат ќе одговориме. Ќе функционира и домашната посета, вели Анита Димовска раководител на Брза Помош Скопје

Од препиени, прејадени до повредени со петарди се најчестите јавувања во Брза Помош за време на новогодишната прослава. За разлика од порано  кога имале и над стотина интервенции ноќта на 31 декември, лекарите велат дека последните две години бележат намален број на ургентни состојби поврзани со алкохолот и пиротехнички средства.

-За среќа имаме малку работа и таа ноќ ни поминува и како останатите со вообичаени активности, вели Димовска

Поради претстојните новогодишни празници како и најавите за температури и десет степени под нулата, од Брза Помош со апел до хронично болните редовно да ја земаат терапијата, носење на топла облека и пиење на топли пијалоци.

 
 
30.12.2016 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега