ЕВН Македонија ја поддржа манифестацијата „ Новогодишни бои на Скопје“

Традиционално ЕВН Македонија ја поддржа манифестацијата „ Новогодишните бои на Скопје. Најубаво украсените двор, тераса, куќа и угостителски објект добија награди од градот Скопје и ЕВН Македонија. За најубаво украсен угостителски објект во главниот град е прогласен ресторанот Рагуза, а ДСУ „Никола Карев“ има најубаво украсен двор од средните училишта. Денчо Наумов има најубаво украсен двор од индивидуална станбена куќа, а Богоја Китанчев најубаво украсена тераса.

ЕВН Македонија победниците ќе ги награди на тој начин што ќе им ја донира сметката за потрошена електрична енергија за месец декмври. „Со овие награди сакаме да ги мотивираме нашите корисници да ги разубавуваат своите домови, дворови и простории со што градот ќе добие прекрасен новогодишен лик, рече д-р Игор Гиевски, член на УО на ЕВН Македонија. „Традиционално ја подржуваме оваа манифестација, а се надевам дека во  иднина исто така со градот Скопје ќе придонесуваме во разубавување на градот во овие предновогодишни денови“, додаде Гиевски.

На најдобрите во натпреварот со украсување градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски им врачи парични награди во вредност од 10.000 денари, а на традиционалните спонзори на манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје" – ЕВН Македонија благодарница за соработката.

 
 
30.12.2016 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега