Фрчкоски и Камбовски контра волјата на народот и демократијата

Која би била смислата на било кои избори, ако составуњето на владите не би требало да биде израз единствено на математички иборни бројки – кои, не смее да се изуми, секогаш се резулат токму на изборите! – туку и на вредностите што треба да ги реализира? Во таков случај, „најдобро“ е изборите да се укинат!, коментира универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски по повод одржаната дебата во МАНУ.

-Како и да е, на 19.12.2016. во МАНУ се одржа тркалезната маса „Постизборни предизвици за евроатлантските интеграции на Македонија“ и во нејзиното организирање и одржување нема ништо проблематично – барем за мене. Меѓутоа, веднаш потоа, академик Владо Камбовски (доскорашен претседател на МАНУ и претседател на тинк-телото на МАНУ) предупредил „…дека место пресметки со пратеничките мандати, треба да се внимава на определбата на идната влада.“ [http://mk.voanews.com/a/macedonia-elections-/3652651.html] и „…дека легитимна влада не се гледа само низ математички бројки, туку низ вредностите што треба да ги реализира, а пред сè, ЕУ и НАТО.“ [http://fokus.mk/kambovski-izjavata-na-gruevski-e-neumesna/]. Убаво, навистина убаво од еден академик, само што она што го кажал има „мал“ недостаток. Имено, од она што го изјавил следи дека составувањето на новата влада не смее да се базира исклучуво на изборните резултати (не требало да се гледа само низ математички бројки!), туку и врз некои вредности што би требале да ги рализира. Од своја страна, тоа не значи ништо друго освен отфрлање/дерогирање на изборите како легален и легитимен начин да се дојде на власт. Да бидам појасен, која би била смислата на било кои избори, ако составуњето на владите не би требало да биде израз единствено на математички иборни бројки – кои, не смее да се изуми, секогаш се резулат токму на изборите! – туку и на вредностите што треба да ги реализира? Во таков случај, „најдобро“ е изборите да се укинат! Понатаму, кое би било тоа тело кое при формирањето на некоја влада нема да води сметка само за резултатите од изборите, туку и за вредносната ореиентација на новата влада? Трето, кој на владата/владите ќе ги опредлува вредностите до кои би требале да се придржуваат? Четврто, кој и на каков начин ќе го бира тоа тело? Пето, мора да се има предвид дека и избирачите (телото) мора да бидатат избрани, како што и избирачите на избирачите треба, исто така, да бидат избрани. А овие, исто така, треба да бидат избрани… И, сѐ така, до бескрај, смета Цуцуловски.

Како што може да се забележи, додава Цуцуловски, изјавата на академик Камбовски, сеедно на намерата, отвара многу проблеми и во себе содржи сериозни опасности, особено ако се има предвид ситуацијата во која се наоѓа Македонија.

-Дури и ако се занемари катастрофалната ситуација (потег кој би бил крајно неодговорен), сепак останува антидемократскиот дух, содржан во несреќната изјава на академикот. Неадно, сето претходно во ниту еден случај не смее да се сфати како мое залагање за било чие ослободување од вината за криминалот, како и за катастрофалното (не)водење на државата, нешто што персистира веќе четврт век, напиша Цуцуловски.

Универзитетската професорка Биљана Ванковска вели дека “ова убаво го срочил колегата Цуцуловски“.

-Тезата на Камбовски не е осамена, туку е само ехо на нешто што деновиве го трубат на сите страни (впрочем, Фрчкоски тоа го кажа од поодамна) – дека збирот на вкупниот број гласови што го освоиле сите партии освен ДПМНЕ (вклучително и неважечките) е најважен, односно дека тие треба да формираат влада. Уставот (тоа и Камбовски и Фрчкоски го знаат добро) вели нешто друго: мандат за составување влада се дава на онаа партија која освоила најмногу места во парламентот на изборите. Ова со вредностите и целото морализирање е, се разбира, за да се каже дека 460.000 граѓани кои гласале за ДПМНЕ имаат погрешни вредности, и се уште и неморални и корумпирани. Да, заклучокот е или да не се организираат веќе избори (па просветлениве академици и професори нека одлучуваат место народот) – или нека си најдат друг народ со вистински вредности и морал. Иако јас мислам дека опозицијата треба да си ја удри главата од ѕид и да размисли ЗОШТО не победи при најповолни услови за неа? ЗОШТО нејзиниот лидер заев го толерираа и кога тресеше зелени, и кога знаат дека е осомничен за корупција, кога знаат дека нема капацитети и ги упропасти бомбите како мало дете кога ќе добие нова играчка. Да бев член на СДСМ сега ќе бев гневна на неспособниот лидер и на тие околу него, пишува Ванковска. 

 
 
30.12.2016 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега