Вечерва снег во Македонија: Еве каде вее во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.

Слаб снег врне во Ресен,Крушево,Маврово и на планиските премини Буково,Плетвар и Страцин, кој несе здржува на коловозот.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д.Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

 ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

 

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

 

За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница  www.makedonijapat.com.mk

 
 
30.12.2016 - 23:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега