Македонците ги спакуваа куферите за Нова Година

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози на повисоките планински места и претежно суви коловози на пониските места. 

- Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.    

Во сила е  законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

 
 
31.12.2016 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега