Македонците за празниците во соседните земји - еве каде ќе дочекаат Нова Година

Зимските туристички центри во соседните држави и годинава се атрактивни за македонските граѓани кои планираат таму да ги поминат новогодишните празници и дел од зимскиот одмор.

За новогодишните празници интерес има за Нови Сад и Копаоник во соседна Србија, за Софија во Бугарија и за Паралија, Солун и Атина во Грција каде во зависност од аранжманот цените се движат од околу 100 до 200 евра. Се нудат аранжмани и за Малта, Кипар и Лондон за каде се потребни од 500 до 800 евра, а помал интерес годинава има за градовите во Источна Европа како што се Букурешт, Будимпешта, Милано и Виена.

 

Од туристичките агенции информираат дека годинава има зголемен интерес за зимување на Копаоник и оти посебно граѓаните се заинтересирани за фамилијарен одмор, а не заостануваат ниту зимските туристички центри во соседна Бугарија како Банско, Боровец и Пампорово каде се нудат аранжмани за сечиј буџет.   

Има аранжмани за сместување во хотели со вклучени спа центри до вили целосно опремени, а во некои од нив има и сауни. Цените се различни во зависност од аранжманот, категоријата на хотелот, понудата и временскиот период.

 

Дел од оние што нема да заминат на зимување во соседна Бугарија или во Србија, ќе ги посетат домашните зимски туристички центри како Маврово, Попова Шапка и Крушево каде имаат можност да се сместат во приватни или хотелски сместувања.

 
 
31.12.2016 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега