Вечерва екстремен студ - како ќе го дочекаме првото утро од 2017?

 

На последниот ден од оваа година ќе биде ведро и студено со утрински температури под нулата кои ќе се движат од -10 до -2 степени, а на првото утро во Новата година ќе биде уште постудено со минимални температури од -13 до - 4 степени.

За утре се очекува ведро и студено време со слаб до умерен северен ветер. Во претпладневните часови не е исклучено наместа да провејува слаб снег, а ветерот постепено ќе ја намалува брзината. Долж Повардарието се уште ќе дува умерен повремено засилен ветер во претпладневните часови, а попладне и навечер брзината ќе се намалува.

Постудено ќе биде на првиот ден од Новата Година кога утринската температура ќе се спушти до - 13 степени, а дневната ќе се движи од два до осум степени.

Слични температури се очекуваат и во понеделник кога утринската ќе се движи од минус 13 до минус пет, додека дневната од три до девет степени. Во понеделник и во вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а преодно наоблачување со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег ќе има во среда. Утринската и дневната температура ќе биде во благо покачување. 

 
 
31.12.2016 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега