Кумановчанец се застрелал со пушка
Околу 11 часот на потегот помеѓу селото Пчиња и селоот Орашец, при лов, 40-годишниот Ј.В. од Куманово се самоповредил со ловна пушка, во пределот на десната рака.
Полицијата информира дека кумановчанецот бил пренесен во Медицински центар Куманово, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентен центар Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
31.12.2016 - 13:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа