Киднапирање во Скопје
Околу 20 часот во Скопје, 29-годишниот М.К. пријавил дека на паркинг простор пред пицерија во населба Автокоманда бил пресретнат од две лица, кои го нападнале, го внеле во возило „Поло“ со скопски регистарски ознаки, го возеле до улицата „Беласица“, каде го оставиле и заминале.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
31.12.2016 - 13:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа