Тешка сообраќајна несреќа ги потресе тетовчани
Седумгодишно дете од Тетово се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрило автомобил „пежо“ управуван од 26-годишен жител на Бродец.
Детето со скршеница на десната натколеница е префрлено во Клиничката болница во Тетово каде му е укажана лекарска помош по што е препратено на скопските клиники за да му се изврши хириршка интервенција.
Потпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека незгодата се случила вчера околу 13 часот на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во близина на вулканизерска работилница.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово и според првичните информации причина за сообраќајката е неприлагодена брзина.
Ова е втора сообраќајка на истиот булевар со пешак откако во средата Христо П. (39) од Тетово почина како последица на ударот од автомобил „фолксваген поло“ управуван од Б.А.(21) од Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа