Црн почеток на новата 2017- три лица пронајдени мртви

Полицискиот билтен за вчерашниот, прв ден од новата година, регистрира три смртни случаи.

Првиот е во струшко Радолишта регистриран утрото околу 8 часот. С.М. (48) при чистење оџак на куќата сопственост на неговиот брат, се лизнал и паднал од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобил со тешки повреди.

Поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош е препратен во Клинички центар Скопје, но при транспортот починал.

Доцна синоќа, пак во скопско Волково С.Т. го пронашла починат на под нејзиниот сопруг Ѓ.Т. (67), со кој не биле во добри односи, а живееле одделно во истата куќа.

Третиот случај е регистриран вчера околу 15 часот. И.Т. пријавил дека на ул. „Атанас Иљоски“, Б.Л.  бил пронајден починат во неговиот дом.

Во последните два случаи обдукциите треба да ги покажат причините за смртта,која претходно била констатирана од лекарски екипи.

 
 
02.01.2017 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега