Страшен пожар во Демир Капија

Во пожар кој утрово избувна во куќа на улица „Наум Наумов“ во Демир Капија, изгоре голем дел од покуќнината. Повредени лица нема. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино Иле Илиев информираше дека веднаш излегле на лице место по пријавата за пожар добиена околу осум часот.

- Интервениравме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Заедно со нас во гаснењето на пожарот учествуваа и седум работници од демиркапиското комунално претпријатие „Бошава”, а помагаа и неколкумина вработени во Специјален завод Демир Капија. Не дозволивме да падне кровот на индивидуалниот станбен објект, соопшти Илиев.

Причините за пожарот и висината на материјалната штета ќе се утврдуваат дополнително. 

 
 
03.01.2017 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега