ФОТО: Кој е спасителот на Заев од италијанската амбасада ?

Конзуларниот коресподент Стојан Витанов од Струмица, чија примарна функција е олеснување на конзуларните услуги што и се на располагање на италијанската заедница во Македонија е спасителот на опозицискиот лидер Зоран Заев за одложување на случајот „Поткуп“. Доколку се погледнат подобро активностите на Витанов, истите тие се поврзани само со Заев и СДСМ.

Витанов не е вработен во италијанската амбасада,  бидејќи во персоналот на Амбасадата всушност не постои функцијата конзул. Од италијанската амбасада за ДНЕВНИК велат дека со амбасадата соработуваат на доброволна основа и без финансиски надоместок двајца конзуларни коресподенти, што е предвидено од страна на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија. Тоа се Стојан Витанов во Струмица и Зоран Ристевски во Битола. Тие не се вработени, ниту се репрезенти на амбасадата.

zaev-vitanov

-Немаат никаква моќ, дури и оние (ограничени) што се припишуваат на конзулите или на заменик-почесните конзули. Според нашите информации, г. Витанов се сретнал со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 20 декември минатата година – објаснуваат од амбасадата за Дневник.

Во согласност со ова, како што велат од амбасадата, ниту еден нивен акредитиран член од персоналот не се сретнал со Заев тој ден.

vitanov

Kолку за потсетување, првото образложение беше дека Заев има средба лично со амбасадорот, што бргу потоа беше демантирана на „Твитер“. Потоа го извести судот дека всушност средбата била со претставник на амбасадата, а на средбата, објасни СДСМ во известувањето до судот, бил присутен конзулот, а амбасадата на Италија во РМ вели дека конзул нема (на интернет-страницата на амбасадата стои поинаку, односно стои дека Kандела е конзул). На крајот амбасадорот и конзулот станаа конзуларен претставник. Тој, пак, сега е идентификуван како Стојан Витанов, кој не е акредитиран во амбасадата.

vitanov-bejli

stela

vitanov-1

vitanov-3

vitanov-4

vitanov-5

  

 
 
03.01.2017 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега