Македонија во бело: Еве каде вее снег во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.

Слаб снег врне во Кочани,Делчево,Берово,К.Паланка,Страцин,Кичево и Прилеп и на планиските премини Маврово,Стража,Железнец,Пресека и Буково кој несе задржува на коловозот.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д.Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

 

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница  www.makedonijapat.com.mk

 

 

 
 
04.01.2017 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега