Презентација на програмата на Вевчанскиот карневал 2017

Општина Вевчани денеска ќе ја презентира програмата за претстојното издание на Вевчанскиот карневал 2017, една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во државата.

На презентацијата на програмата ќе учествуваат дел од музичките изведувачи кои ќе настапат на годинашното издание, претставник од Министерство за култура и градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски.

Вевчанскиот карневал се одржува еднаш во годината и го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар.

Карневалот според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Учесниците на карневалот изведуваат традиционални обредни игри со современи маски, а во чест на верскиот празник Свети Василиј Велики - заштитник на вевчанските василичари, на Вевчани и на вевчанци.

Вевчанскиот карневал има традиција повеќе од 1.400 години и е спој меѓу паганското и современото. 

 
 
04.01.2017 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега