Општина Кавадарци подготвена за најавените врнежи снег

Општина Кавадарци е подготвена за зимско одржување на улиците и патиштата, информира денеска Службата за односи со јавност по најавите за ниски температури и обилни врнежи снег.

– Имајќи ги предвид расположливите капацитети, заедно со концесионерот за зимско одржување на улици и патишта, подготвени сме да се справиме со најавената временска состојба. Апелираме  до граѓаните доколку се остварат очекувањата за обилни снежни врнежи, согласно законските обврски во случај на временска непогода, самоиницијативно да преземат чекори за расчистување на снегот пред своите домови и деловно стопанските објекти, велат од Општината.

Повикуваат и возачите при снежни врнежи да поведат сметка за прописно паркирање, како и за предвремено отстранување на старите и хаварисани возила од коловозите и тротоарите за да нема проблеми и пречки во расчистувањето на снегот од страна на службите.

Општината препорачува и во случај на обилни врнежи снег, како и при појави на екстремно ниски температури и голомразица, граѓаните без посериозна потреба да не се упатуват кон селата од ридско планинскиот дел.

 
 
04.01.2017 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега