Во пресрет на Бадник- Kампања за заштита од пожари

На платото пред ТЦ „Бисер“ утре од 13:00 часот ќе се одржи кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови.

Целта на кампањата е да се едуцираат граѓаните како да постапат со огнот, кој претставува традиционален начин да се прослави големиот христијански празник Божик, а воедно претставува и потенцијална опасност за настанување пожари.

Кампањата за заштита од пожари во пресрет на овој голем христијански празник, кога се палат бадниковите огнови, како и за правилно користење на грејните тела во зимскиот период, ја организира Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“.

 
 
04.01.2017 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега