ФОТО: Мрзнат патиштата - автомобил излета од патот пред Тетово

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Патиштата се лизгави, иако слабиот снег не се задржува долго на асфалтот.

Поради ваквите услови, возачите честопати можат да ја загубат контролата врз возилата, а токму тоа утрово се случило и на патниот правец Скопје-Тетово. 

На фотографијата може да се забележи возило кое излетало од лизгавиот пат и луѓе кои се обидуваат да му помогнат на возачот.

Според она што може да се процени од самата фотографија, во оваа незгода нема жртви или, пак, лица со посериозни повреди, а веројатно е причинета само помала материјална штета.

Со цел избегнување на слични незгоди, АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 
 
04.01.2017 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега