Тешка кражба во куќа во ресенско

 

Непознат сторител извршил тешка кражба во семејна куќа во ресенското село Лавци. Кражбата, како што соопшти МВР, е извршена во изминатите дваесетина дена. 

Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел 45.000 дански круни, македонски пасош и банкарска книшка на име на Е.Ш. и побегнал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

 
 
04.01.2017 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега