Трагедија: Почина познатиот македонски писател
Во Кичево вчера ненадејно почина писателот Стојмир Симјановски, соопшти Друштвото на писателите на Македонија, каде што Симјановски членувал од 1975 година.
Симјановски е роден во кичевското село Иваничишта во 1937 година. Беше дипломиран филолог, работеше во Дирекцијата за иселеништво на Република Македонија.
- Како раскажувач, романсиер, драмски автор и фељтонист Стојмир Симјановски зад себе остави богат опус од 32 книги. Меѓу позначајните наслови во неговото творештво се романите „Вратата на сонот“, „Двојната Ева“, „Црвени утра“, и збирката раскази „Чесно дрво“. Беше автор и на дела од областа на научната фантастика со кои во македонската литература потполни евидентна празнина. Добитник е на наградата „11 Септември“ на град Кичево, соопшти ДПМ.
Посмртните останки на Симјановски ќе бидат погребани денеска во 12 часот на градските гробишта во Кичево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа