ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на општинскиот совет за загадувањето во Куманово

 
Советничката група на коалицијата „За подобра Македонија“ ќе побара од претседателот на Советот на Општина Куманово да свика седница на која ќе се расправа за загадувањето и за мерките за решавање на овој проблем.
 
Како што рече денеска на прес-конференција претседателот на општинскиот комитет (ОК) на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на советничката група на коалицијата Драган Петковски, состојбата е алармантна за здравјето и животот на граѓаните, а локалната власт се уште не презела никакви мерки.
 
- Деновиве ОК на ВМРО ДПМНЕ алармираше и побара од градоначалникот да преземе конкретни мерки за намалување на огромната концентрација на токсични материи во воздухот. Пред некоја вечер ПМ 10 честичките достигнаа 676 илиграми на метар кубен што претставуваше апсолутен рекорд ако се знае дека за чист воздух се смета 25 милиграми на метар кубен. Сакаме уште еднаш да потсетиме дека СДСМ во изборната кампања пред граѓаните ветуваше мерки со кои ќе ја намали загаденоста. Тогаш зошто во општина со која раководи СДСМ не се преземаат овие мерки? Зошто СДСМ не ја користи можноста на дело и со пример да покаже како функционираат мерките кои ги ветува?, истакна Петковски.
 
Претходно, потсети, станицата за мерење на квалитетот на воздухот не функционираше, но сега, кога секој може да види колкава е загаденоста во Куманово, никој нема право на изговор.
 
 
05.01.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега