Ако ДУИ прави влада со ВМРО-ДПМНЕ, СОРОС ќе организира протести на Албанците

Излегува на површина стравот на СДСМ како наближува периодот за формирање на владата и доделувањето на мандатот на победничката ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Во немоќ, СДСМ и опозициските медиуми манипулираат и се закануваат со протести.

Порталот „Плусинфо“, кој е гласило на СДСМ го изнесува на површина стравот на СДСМ, кој е поразителен за раководството од оваа партија.

-Антивмровското расположение кај албанските граѓани кулминира, па ако ДУИ коалицира со ВМРО-ДПМНЕ за да прави нова влада Албанците се спремаат за масовни протести, објавува порталот на главниот медиумски стратег на опозицијата, Бранко Героски.

Откако ги загубија изборите на легално, слободно и фер гласање, сега сакаат да ја поништат волјата и она што го соопштува партиското гласило на СДСМ практично е дека не смее да има влада без СДСМ, а доколку се формира се закануваат со насилство и протести.

Соочени со стравот кој излегува на виделина, СДСМ и нејзините медиуми спроведуваат типична манипулација со цел дефокусирање од вистинската тема за понесување на одговорност за поразот на изборите од страна на Заев и негова оставка која се погласно се бара во редовите на партијата.

 
 
05.01.2017 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега