Гевгелија: Ги чекал пред врата и им приредил хорор

23-годишниот Н.П. од селото Прдејци, општина Гевгелија, заработи кривична бидејќи на трети месецов околу 19 часот и 30 минути во селото Мрзенци, гевгелиско, се прикрил и го причекал во куќата каде што престојува оштетениот турски државјанин. Во моментот кога тој заедно со неговата девојка ја отклучиле вратата, Н.П. маскиран и вооружен со пиштол, извршил разбојништво над 28-годишната Л.Д. и 31-годишниот А.Џ. од Турција, пренесе полицијата.

Со употреба на сила ја турнал девојката, а со пиштол го удрил оштетениот во пределот на главата нанесувајќи му телесни повреди, по што паднал на земја. Потоа со закана му одзел 5.000 евра и часовник „Ролекс“ во вредност од 7.000 евра, и веднаш побегнал во непознат правец.

 
 
06.01.2017 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега