Еве што никако не смеете да правите денеска

Бадник го најавува најголемиот христијански празник Божиќ.

На овој ден семејството се собира на посна трпеза. Оние кои во текот на годината биде скарани, на Бадник си простуваат и се смируваат.

Многу обичаи кои врзани за Бадник се пагански, но црквата подоцна им дала христијанско значење. На овој ден не се оди на гости, и не се позајмуваат пари.

Еве неколку стари народни верувања поврзани со овој голем христијански празник:

– Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе

– Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година

-Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.

 
 
06.01.2017 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега