Манчев: Заев и СДСМ повеќе од 11 години се на власт во Струмица, немаат превземано ништо за заштита на граѓаните од се поголемото загадување

Од ден во ден граѓаните на Струмица дишат се позагаден воздух. Ситуацијата секојдневно се влошува. Секој ден гледаме како нашите сограѓани вдишуваат се позагаден воздух и секојдневно алармираат за да се превземат некои соодветни мерки за намалување на се поголемото загадување на воздухот, но од страна на локалната власт и градоначалникот во заминување ни трага, ни глас, истакна Ванковер Манчев, претседател на ОК-ВМРО-ДПМНЕ, Струмица.

-Додека градоначалникот за празниците уживаше на море, неговите сограѓани се мачеа со вдишувањето на загадениот воздух. Вчера беше врвот на лицемерието- Зоран Заев парадерски веднаш дојде пред објективот на општинскиот фотограф каде се сликаше за да прикаже дека се чисти снегот и веднаш потоа ја напушти Струмица, а струмичани останаа на студот да го чистат снегот по улиците, додека градот доживува снежна блокада. Освен парадерство, конкретна акција нема.

Манчев истакна дека Зоран Заев и СДСМ во Струмица се на власт повеќе од 11 ипол години и како што рече, немаат превземано никакви мерки и проекти за заштита на граѓаните од се поголемото загадување во градот.

-Сакаме да го потсетиме СДСМ и градоначалникот во заминување дека во изборната кампања пред граѓаните ветуваше мерки со кои ќе ја намали загаденоста. Тогаш, зошто во општина со која раководи СДСМ не се превземаат овие мерки? Зошто СДСМ не ја користи можноста на дело и со пример да покаже како функционираат мерките кои тој самиот ги ветува? Како да му се верува кога тој тоа не го применува во својата Струмица, а камо ли во другите градови?

Исто така, додаде Манчев, Зоран Заев гордо се фалеше дека Струмица е снабдена со природен гас.

-Зошто струмичани се уште не го користат овој природен енергенс за затоплување? Затоа што економски не им е исплатливо. Струмичани плаќаат најскап природен гас во цела Европа. Бараме исто така од градоначалникот на дело да ги спроведе конкретните предлози и мерки за намалување на загадувањето. Струмичани заслужуваат да дишат почист воздух и да имаат подобар живот.

 
 
06.01.2017 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега