Министерот за внатрешни работи во посета на Јажинце и скопскиот аеродром

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска ги посети полициските станици на Аеродромот Александар Велики и на Граничниот премин Јажинце.

Министерот Нухиу, како што информираат од МВР,  беше информиран за состојбите на Граничниот премин Јажинце и активностите за надминување на сообраќајната блокада предизвикана од снежните врнежи.

На иницијатива на министерот Нухиу, на блокираните граѓани им беше понуден престој во просториите на ПС за ГН каде е организиран и топол оброк за дел од заглавените патници.

При посетата на  Полициската станица за гранични проверки Аеродром “Александар Велки“ од страна на вработените, министерот беше информиран за тековните состојби во работењето на оваа полициска организациска единица од аспект на гранични проверки за влез и излез од државата, френквенција на патници, како и низата активности што се преземаат за безбедно одвивање на авиосообраќајот.

Министерот Нухиу, информираат од МВР, се сретнал и со генералниот директор на ТАВ при што се разговараше околу соработката на полициските и аеродромски служби.

 
 
06.01.2017 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега