Снаата од Албанија ја продолжува традицијата за Бадник во Босилово

Православните верници со голема радост ја очекуваат објавата на веста за раѓањето Христово. Подоготовките за големиот празник уште пред неколку  дена започнаа во домовите на сите семејства кои утре ќе го прослават Божиќ. Така е и во семејството Стоеви од селото Штука во општина Босилово. Домакинката Ангела која пред седум години овде дошла како невеста од Албанија вели дека за празникот се подготвува со големо задоволство. Посебна радост и причинува подготовката на празничната трпеза и пречекувањето на Бадник.

-Многу е поубаво и многу ми се допаѓа. Бадник , Божиќ и Велигден многу ми е мило да си ги правам.  Многу го сакам празникот оти имаш желба, имаш радост, се имаш,  посебно кога имаш фамилија и деца уште поголема желба имам  да си правам  јадење и богата трпеза со се да има на неа. Секоја година, секој празник сама си подготвувам се и многу ми се допаѓаат тие подготовки бидејќи многу е поинаков обичајот од нашиот Божиќ во  Албанија. Многу е поубаво  тука и многу повеќе ми се допаѓа прославата на Божиќ , вели Ангела Стоева.

Целата сторија погледнете ја на Сител.

 

 
 
06.01.2017 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега