АМСМ информира:Забрани и пренасочени патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија Пат.

 На 07.01.2017 година од 07:00 часот на патниот правец с.Крупиште-Пробиштип е воведена забрана за сите видови сообраќај.

 

Сообраќајот на патниот правец Куманово - Свети Николе е во прекин за сите видови на возила поради наноси од снег на коловозот.

Според информација од Македонија Пат, поради силен ветар и наноси од снег, делницата Велес - Штип  и Кочани, кај Лозово, Сарамзалино и Крупиште, ако нема исклучителна потреба, препорачуваме да не се користат. Ветерот го носи снегот  на коловоз и целосно ја намалува видливоста. Македонијапат се на терен и работат со градежна механизација за расчистување од снегот.

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка кај Младо Нагоричане се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.

На патниот правец Штип – Кочани, сообраќајот за сите возила се одвива наизменично по една коловозна лента.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.        

Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 
 
07.01.2017 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега