Многу трагедии за празниците во Македонија

Многу трагедии се случија за викендов и за празничниот период во Македонија.

Трагедија се случи за Бадник во Скопје, жена изгоре во својата куќа. Полицијата информира дека  било пријавено дека во 13 часот и 25 минути во село Буковиќ од засега непознати причини избувнал пожар во куќата на 49-годишниот Р.Б.  при што целосно биле изгорени приземјето и кат, каде била неговата мајка. За жал жената изгорела.

Голема трагедија се случи и за Божик. Во 09 часот и 30 минути во селото Сопот-светиниколско, во дворот од куќата на 58-годишниот Ж.П. настанал пожар во помошна просторија, а при гаснење на пожарот од страна на месното население пронајден е починат сопственикот.

Во 15 часот и 45 минути во Прилеп поточно во објект од поранешно инфективно одделение, било пронајдено починато лице. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полицијата.

Било констатирано дека се работи за 26-годишниот П.М. од Прилеп. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

За жал за викеднот и студот ја зеде првата жртва во Скопје. Бездомник на возраст од 68 години е пронајден починат во скопската населба Аеродром на улицата „Бојмија“, позади старите магацини на АРМ кај Јане Сандански.

 
 
09.01.2017 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега