Мртов маж најден на улица во Скопје

Трагедија во текот на вчерашниот ден се случи во Скопје, мртов маж бил пронајден на улица. Полицијата денеска информира дека во 17 часот и 14 минути било пријавено дека во Скопје на улицата „Коста Новаковиќ“ пронајден е починат 68-годишниот Ј.Т. од Скопје.

Од страна на лекар од екипата на Итната медицинска помош констатирана била смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на судска медицина за обдукција. 

 
 
09.01.2017 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега