Спасена премрзната 80-годишна старица во Велес

 

Милка Климкарова, 80-годишна старица во центарот на Велес била спасена од премрзнување во нејзиниот студен дом. Таа веднаш била однесена во велешката општа болница премрзната и прегладнета, пренесува Телеграф.

Лекарите веднаш и дале медицинска помош и старицата е во стабилна состојба. Сè уште е во болница на закрепнување од големите длабоки рани на нозете од замрзнувањата.

Инаку, Милка живеела сама во својот дом, иако имала внуци кои повремено доаѓале. Таа сама си купувала храна или одела во народната кујна, но деновиве не можела да излезе од дома поради големиот студ и ниските температури.

- За состојбата со старицата беа известени надлежните од Центарот за социјална работа, кои по нејзиното пуштање од болница треба некаде да ја згрижат бидејќи таа не е бездомник и има дом, но за неа нема кој да се грижи. Помош најавија и од општинскиот Црвен крст - појаснува Орце Николовски од Општина Велес.

 
 
11.01.2017 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега