Дошол да фати сеир на сообраќајка кај Пештани па го удрила кола

Необична сообраќајна незгода која се случи утринава ги потресе охриѓани. Утрово на патот од охридското село Пештани кон Елешец автомобил марка рено клио со српски регистарски таблички се судрил со автомобил марка „форд галакси“ со австриски таблички.

На местото на настанот веднаш се собрале граѓаните за да помогнат, а во еден момент на улицата налетал автомобил сеат леон со скопски регистарски таблички кој едвај ги избегнал судрените автомобили, но удрил еден од мештаните.

За среќа, повредениот е надвор од животна опасност. Тој се здобил со скршеница на раката.

11:43

најчитано сега