Попоски: Ние сме Македонци и ништо повеќе и ништо помалку

Ние сме Македонци и ништо повеќе ниту ништо помалку. Ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира. Денес, во Европа е потребен речник и култура за 2017 година, а не за 1913 година, наведува министерот Попоски во реакцијата до неговиот албански колега Дитмир Бушати, кој коментирајќи ги внатрешните случувања во Македонија, Македонците ги именуваше како Славомакедонци.

„Не е добро политичари од регионот да влечат чекори за потреби на претстојни избори. Целта е да создадат слика дека раководат со сите политички партии со етнички предзнак во регионот. Разбирливо е дека тоа се прави и за внатрешна употреба и за сопствениот рејтинг дома. Но, сепак, овие практики се надвор од нормална меѓусоседска соработка. Најдобро е пред секој обид за демонстрирање на глобално лидерство, секој добро да погледне во сопствениот двор. Така, политичарите и во тие земји ќе се фокусираат на подобрување на домашните слабости, стои во реакцијата.

Во изминатите десеттина дена ова е втора соседска провокација. Шефот на српската дипломатија во новогодишно интервју рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под уставното име, затоа што подоцна Македонија го призна Косово.

 
 
11.01.2017 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега