ДУИ денеска решава за идната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Раководството на ДУИ денеска во Мала Речица ќе расправа со какви позиции ќе настапи пред преговорите на партискиот лидер Али Ахмети, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за идна владина коалиција.

Според неофицијални информации, партијата ќе ги анализира сите опции, од тоа дали да одат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ, но и можноста да предложат техничка влада или пак да станат опозиција.

Ќе се анализираат и последиците што би ги претрпела партијата во зависност од одлуката што ќе ја донесат.

 
 
12.01.2017 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега