Драма во Делчево: Пожарникари не можеа да стигнат до куќа која гори

 

Во 20 часот и 30 минути во Делчево, 64-годишниот Г.Б. од селото Илиово, делчевско, пријавил дека избувнал пожар во неговата семејна куќа, при што била зафатена една соба во која престојувале и изгорела покуќнината и дел од таванската конструкција.

Известена била Противпожарната екипа Делчево, а тие поради непристапниот терен и временските неприлики не можеле да излезат на местото на настанот. Пожарот за кратко време бил локализиран од страна на делчевчанецот, неговиот татко и Ј.Р. од селото.

 Истиот настанал најверојатно поради палење на саѓите во оџакот, меѓутоа точните причини ќе бидат утврдени по извршениот увид на самото место.

 
 
13.01.2017 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега