Гореа три возила во Скопје

 

Две пријави за опожарени возила примила вчера скопската полциија. Во првиот случај во 22 часот и 50 минути во Скопје на булеварот „8-ми Септември“, опожарени биле „Голф 2“ со скопски регистерски ознаки и „Пасат“ со скопски регистерски ознаки сопственост на Н.Н. кое било делумно опожарено. 

Исто така во 23 часот и 45 минути во селото Студеничани-скопско опожарено било возило „Опел Вектра“ со скопски регистерски ознаки на 32-годишниот А.Р.

Инаку сопственикот не барал да се врши увид.

 
 
13.01.2017 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега